вторник, 12 мај 2026

Иран: Доколку САД повторно нè нападнат, ќе збогатуваме ураниум до ниво за нуклеарна бомба

Иранскиот парламент ќе разгледа зголемување на нивото на збогатување на ураниум на 90% во случај на нов американски напад, изјави пратеникот Ебрахим Резаи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Резаи, портпарол на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика, напиша дека ова е една од клучните опции што ќе се дискутира во Техеран. „Една од опциите на Иран во случај на уште еден напад би можела да биде збогатување до 90%. Ќе го анализираме ова во парламентот“, рече Резаи.

Нуклеарните централи обично бараат ураниум збогатен од 3 до 5%, додека нивото потребно за производство на нуклеарно оружје е 90%.

Оваа закана доаѓа откако американските медиуми објавија дека Доналд Трамп размислува за нови напади врз Иран за да ја ослабне неговата преговарачка позиција. Трамп ја оправда војната тврдејќи дека на Иран никогаш не треба да му се дозволи да развие нуклеарно оружје.

Надежите за мировен договор исчезнаа откако Доналд Трамп изјави дека примирјето со Иран е „на апарати за одржување во живот“, додека Техеран го отфрли предлогот на САД за прекин на конфликтот и се држеше до листата барања што американскиот претседател ги опиша како „ѓубре“, пренесува Ројтерс.

Трамп рече дека одговорот на Иран го загрозува статусот на прекинот на огнот што започна на 7 април.

„Би го нарекол најслаб во моментов, откако ги прочитав глупостите што ни ги испратија. Дури и не ги прочитав до крај“, им рече на новинарите Трамп, кој постојано се закануваше дека ќе го прекине примирјето.

Стејт департментот соопшти дека американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговарал со своите австралиски и британски колеги за „континуираните напори за враќање на слободата на пловидба во Ормускиот теснец“. Не се наведени подетални информации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ