Наместо главната страница со вести, на хакираниот сајт стоеше илустрација која асоцира на главниот ирански генерал Касем Сулејмани, убиен со американски дрон во Ирак на денешен ден во 2020.
Илустрацијата покажува предмет сличен на куршум испукан од црвен прстен кој, како што пренесува Ројтерс, личи на препознатливиот прстен што го носел Сулејмани.
Ерусалим пост, дневен весник на англиски јазик, објави на Твитер дека работи на решавање на овој проблем.
„Свесни сме за очигледното хакирање на нашиот сајт, со директна закана за Израел“, се наведува.






