Пристигнувањата речиси двојно се зголемиле во август годинава на 3.042.098 од 1.666.222 една година претходно, кога светот го зафати првиот бран на пандемијата на коронавирусот.
Грција, лија една петтина од економијата ја прави туризмот, го претрпе најголемиот рекорд во падот на воздушниот сообраќај во 2020 година, со пад од 75 отсто во однос на претходната година.
Владата оваа година со воведувањето на вакцинацијата и достапните тестови за ковид-19 очекува раст на туризмот од 50 отсто во однос на резултатите од 2019 година, кога земјата ја посетија повеќе од 30 милиони туристи.
Вкупниот промет на грчките аеродроми е зголемен годинава за 53,7 отсто во првите месеци во однос на минатата година, но и понатаму е помал за 53,8 отсто во однос на истиот период во 2019 година.






