четврток, 16 април 2026

Германците на годишнината од нападот врз СССР: Таа војна е незабележано убиствено варварство (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Никој не претрпе толку жртви како народите на тогашниот Советски Сојуз. И покрај тоа, овие милиони не се врежани во нашето сеќавање во мера во која тоа го бараат нивното патење и нашата одговорност“, кажа германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер при положувањето венец на споменикот на паднатите борци на СССР во берлинскиот кварт Панков.

Ова е еден од трите споменици на советските жртви и воено и војнички гробишта на кои лежат посмртните остатоци на околу 13.000 војници и офицери кои загинале ослободувајќи го Берлин од нацистите.

Штајнмаер истакна дека германската војна против Советскиот Сојуз е дотогаш незабележано „убиствено варварство“ кое однело милиони жртви.

[video:https://youtu.be/W2u7TgpNS0Q autoplay:0]

„Сеќавањето на овој пекол, на непријателството и омаловажувањето на човечките животи им останува обврска на Германците, а на остатокот од светот предупредување. Само оној кој е во состојба да ги чита трагите на минатото и во денешнината може да создава иднина избегнувајќи војна, отфрлајќи диктатури и овозможувајќи мирен соживот“, кажа германскиот претседател.

Според некои проценки, во Втората светска војна во Советскиот Сојуз загинале 27 милиони луѓе, од кои 14 милиони цивили.

[video:https://youtu.be/VzAcmYcrdpY autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ