понеделник, 18 мај 2026

Генерал Резаи: Сериозни сме во преговорите, уште посериозни во војната и одбраната на Иран

Командантот на Иранската револуционерна гарда, генерал-мајор Мохсен Резаи, во интервју за иранската државна новинска агенција Тасним изјави дека Американците прво мора да преземат конкретни акции во преговорите и рече дека Иран е „сериозен во преговорите, а уште посериозен во војната и одбраната на земјата“.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

„Трамп сакаше да ја посети Кина во време кога имаше предност, но неговата ситуација во војната со Иран го доведе да ја посети Кина во ослабена позиција. Американскиот претседател вели дека Кина исто така се согласува дека Иран не треба да има нуклеарна бомба, додека самиот Иран инсистира дека нема нуклеарна бомба и дека не барал нуклеарна бомба“, рече Разеи.

Тој рече дека Трамп тврди дека кинескиот претседател инсистира на отворање на Ормускиот теснец.

„Исто така, велиме дека теснецот е отворен за трговија и секако затворен за воени кампањи и војни. Тоа сигурно го мисли и кинескиот претседател. Која е целта на американските воени кампањи во регионот освен да се конфронтираат со Кина? Па зошто ние треба да ја платиме цената за оваа конфронтација“, се запраша иранскиот генерал.

Тој додаде дека САД направиле големи отстапки кон Кина, вклучително и укинување на царините, прифаќање дека Кина купува иранска нафта и молчење за предупредувањето на Кина во врска со Тајван, и рече дека ова е пораз за САД.

Тој оцени дека сегашната ситуација во Америка потсетува на ситуацијата во Англија по Втората светска војна и укажува на почеток на нејзиниот пад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ