сабота, 18 април 2026

Фон дер Лејен: Унгарскиот закон кој забранува промоција на хомосексуалноста кај малолетниците е срамота

Објавено на

часот

Сподели

„Брисел ќе ѝ испрати писмо на Будимпешта за да ја изрази својата загриженост пред стапувањето на сила на законот кој ги дискриминира лицата според нивната сексуална ориентација“, кажа Фон дер Лејен.

Во соопштението кое го потпишале 14 земји членки се повикува Европската комисија да дејствува против тој закон.

Парламентот на Унгарија кон средината на јуни изгласа закон со кој се забранува „промовирање на хомосексуалноста меѓу малолетниците“.

На гласањето кое го пренесуваше државната телевизија, законот доби 157 гласа од пратениците меѓу кои и претставниците на владејачката партија Фидес.

Опозицијата го бојкотираше гласањето, освен Јобик, екстремно десничарското движење кое гласаше за законот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ