понеделник, 4 мај 2026

ЕУ ја казни Полска со милион евра дневно

Објавено на

часот

Сподели

Највисокиот суд на ЕУ ја изрече казната затоа што Полска не ја суспендираше дисциплинската комисија на Врховниот суд.

Европскиот суд на правдата соопшти дека казната е „неопходна за да се избегне сериозна и непоправлива штета на правниот поредок на Европската унија и на вредностите на кои се заснова унијата, особено владеењето на правото“.

Европската комисија побара изрекување „финансиски казни“ откако Полска не ја почитуваше јулската одлука на Врховниот суд.

На 9 септември, Комисијата на ЕУ одговорна за следење на владеењето на правото во ЕУ побара финансиски санкции за Полска.

Како што засега е познато, санкциите ќе траат додека властите во Варшава не ги исполнат наредбите на Европскиот суд на правдата.

Точка на спор е дисциплинската комисија на полскиот Врховен суд, тело овластено од владејачката партија да ги дисциплинира судиите.

Сепак, многу судии во Полска ја гледаат комисијата како средство за притисок врз судиите да донесуваат одлуки во корист на власта.

Европскиот суд на правдата во јули нареди суспензија на дисциплинската комисија, но таа сè уште функционира.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки минатата недела во Европскиот парламент рече дека комисијата ќе биде укината, но не наведе прецизна временска рамка.

Набљудувачите забележаа отсуство на предлог-закон за укинување на тоа дисциплинско тело.

Земјите од ЕУ со години предупредуваат за наводно назадување на демократските принципи во Полска кога станува збор за независно судство и слободни медиуми.

Конфликтот повторно изби во прв план на почетокот на овој месец кога полскиот Уставен суд пресуди дека полските закони имаат предност пред законите на Европската унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ