четврток, 7 мај 2026

ЕУ ги забранува ВИ алатките за креирање сексуализирани дипфејк-содржини

Земјите-членки на Европската унија и преговарачите на Европскиот парламент во четврток постигнаа договор за забрана на апликациите со вештачка интелигенција што се користат за креирање сексуализирани дипфејк-содржини без согласност на вклучените лица. Договорот е дел од поширок законски пакет насочен кон поедноставување на дигиталната законска рамка на ЕУ и воведување координирани правила за вештачка интелигенција, јави Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Марилена Рауна, кипарската заменик-министерка за европски прашања, изјави дека договорот ќе им помогне на бизнисите. „Денешната согласност за Законот за вештачка интелигенција значително ги поддржува нашите компании со намалување на постојаните административни трошоци“, рече Рауна.

Предлогот е дел од законски пакет познат како „Омнибус 7“, дизајниран како дел од програмата на ЕУ за поедноставување на регулативата. Пакетот вклучува предлози за два регулативи кои имаат за цел да ја поедностават дигиталната законска рамка и да спроведат хармонизирани правила за вештачка интелигенција.

Во соопштението се објаснува дека новововедената одредба забранува „практики на вештачка интелигенција поврзани со креирање на сексуална и интимна содржина без согласност или материјал за сексуална злоупотреба на деца“.

Привремената спогодба исто така поставува нови рокови за примена на одложените правила за вештачка интелигенција со висок ризик. За самостојните системи, крајниот рок е 2 декември 2027 година, а за вештачка интелигенција вградена во производите, 2 август 2028 година.

Договорот исто така бара од давателите на услуги да ги регистрираат ослободените системи во базата на податоци на ЕУ за системи со висок ризик и повторно воведува строг стандард за неопходност за обработка на чувствителните лични податоци за откривање и корекција на пристрасност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ