среда, 22 април 2026

Еквадор му го одзеде државјанството на Џулијан Асанж

Објавено на

часот

Сподели

Судските власти во Еквадор формално го информираа Асанж за ништовноста на неговото барање за натурализација, односно за процесот на доделување државјанство, во писмено решение по барање на еквадорското Министерство за надворешни работи.

Натурализацијата се преиспитува кога е дадена врз основа на прикривање релевантни факти, фалсификувани документи или измама, пренесува Гардијан.

Еквадорските власти објавија дека документите за натурализација на Асанж содржат неколку недоследности, различни потписи, можни промени во документите и неплатени такси.

Адвокатот на Асанж Карлос Поведа рече дека оваа одлука е донесена поради процесот и дека на Асанж не му било овозможено да се појави во овој случај.

Тој најави жалба во која ќе побара појаснување на одлуката на еквадорските власти.

„Поважно од прашањето за државјанството е прашањето за почитување на човековите права и што ќе следува по процесот на повлекување на државјанството“, рече тој.

Асанж доби еквадорско државјанство во јануари 2018 година, како дел од неуспешниот обид на владата на тогашниот претседател Ленин Морено да му додели дипломатски статус и да го отстрани од еквадорската амбасада во Лондон, каде што помина седум години.

Надлежниот суд во понеделникот ја поништи таа одлука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ