сабота, 25 април 2026

Џастин Трудо погоден со камчиња за време на кампањата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тој се враќал во својот автобус по посетата на пиварница кога бил погоден со камчиња. Не е повреден.

Трудо распиша предвремени избори во средината на август, со надеж дека неговата либерална партија на левиот центар ќе формира мнозинска влада.

Но, неговата кампања беше нарушена со протести против неговата идеја за воведување задолжителна вакцинација против ковид-19 и други ограничувања.

Пред нешто повеќе од една недела, премиерот мораше да го откаже изборниот собир откако толпа лути демонстранти го прекина настанот.

Плановите на Трудо за задолжитела вакцинација станаа клучно прашање воочи изборите на 20 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ