сабота, 25 април 2026

Чешка ѝ донира пари на Литванија за ограда на границата со Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

Чешката донација вредна половина милион евра пристига во време кога Литванија лобира ЕУ да финансира ограда висока три метри, која ќе биде подолга од 500 километри и ќе чини околу 152 милиони евра.

ЕУ го обвинува белорускиот претседател Александар Лукашенко дека со авиони донесува мигранти од Блискиот Исток во Белорусија, а потоа ги испраќа на Запад како одмазда за европските санкции воведени поради кршење на човековите права.

„Разбирливо е дека треба подобро да ги заштитиме надворешните граници на ЕУ и треба целосно да ги поддржиме оние членки, вклучително и Литванија, кои се подготвени да ја исполнат својата задача и да ја заштитат надворешната граница“, рече чешкиот министер за надворешни работи Јакоб Кулханек во вторникот во Вилнус, најавувајќи ја донацијата од 530 илјади евра.

„Дрското однесување на Лукашенко повикува дополнителни санкции против белорускиот режим“, рече чешкиот министер.

Повеќе од 4.000 мигранти оваа година влегоа на територијата на Литванија, во споредба со минатата година кога имаше само 81. Полска, исто така, забележа поголем број илегални пристигнувања од Белорусија.

Минатиот четврток, Варшава прогласи вонредна состојба во два региони што граничат со Белорусија, воочи воените вежби „Запад 2021“ што Русија и Белорусија ќе ги одржат во близина на границата оваа недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ