„Две, три војски, тоа не може да биде, станува збор за договорот за трансфер на надлежностите и тој мора да опстане, мора да остане една заедничка војска а тоа се Оружените сили“, кажа Шмит за регионалната Н1 телевизија.
Наведе и дека не може да прифати законите кои ги донеле неговите претходници да не се применуваат.
„Кај некои политичари очигледно владее недоразбирање, особено во Република Српска, а Дејтонскиот договор бара конструктивно да се разговара, не само во Бања Лука, туку и во другиот дел од земјата, како и нештата постојано да се корегираат“, кажа Шмит.
Според него, НАТО и Еуфор се присутни во БиХ за стабилизација.
„Опасност од нестабилност постои, но неа ја прави самата БиХ, таа не е внесена од надвор во БиХ“, оцени германскиот политичар.
Додаде дека врз основа на разговорите со граѓаните во БиХ заклучил дека тие имаат сосема поинакви грижи од оние кои ги истакнуваат политичарите.
„Околу 900.000 луѓе во БиХ, ако мериме по европски стандарди, живеат на раб на сиромаштија, бројот на невработени е преку 30 отсто, нето платата е околу 500 евра, а просечната пензија е малку повеќе од 200 евра, па тоа се прашањата за кои во БиХ мора да се зборува, а не за некоја нова агенција за лекови“, истакна тој.
Кажа и дека во последните осум години околу половина милион луѓе заминале од БиХ.






