четврток, 7 мај 2026

Бајден и Путин денеска разговараат по телефон: Украина е прашањето над сите прашања

Објавено на

часот

Сподели

Белата куќа соопшти дека двајцата претседатели ќе разговараат за актуелните теми, меѓу другото и за претстојните дипломатски ангажмани со Москва.

Според соопштението, администрацијата на Бајден е вклучена во сеопфатна дипломатија со своите европски сојузници и партнери, консултирајќи се и координирајќи заеднички пристап како одговор на военото присуство на Русија на границата со Украина.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков Кремљ во средата потврди дека рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски ќе разговара со американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Точно е. Телефонскиот разговор на Путин со претседателот на САД е закажан за доцна вечерва“, изјави Песков за ТАСС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ