петок, 7 ноември 2025

Американската војска нападна брод за кој вели дека превезувал дрога, четворица мртви (ВИДЕО)

Американската војска вчера уби четири мажи за време на напад врз брод осомничен дека превезува дрога во источниот Пацифик, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, како што објави Ројтерс.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Овој брод, како и сите други, според нашите разузнавачки информации, бил вклучен во нелегална трговија со дрога. Минувал низ позната рута за трговија со дрога и превезувал наркотици“, рече Хегсет во објава на Икс.

Објавата на Хегсет вклучуваше видео клип од 22 секунди од експлодирањето на бродот по нападот на американската војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ