Саливен го пофали претседателот на САД Џо Бајден за тоа што им порача на колегите од Г7 да ја „притиснат Кина“, за да дозволи отворена истрага за потеклото на пандемијата.
„Она што Бајден го направи во Европа минатата недела се вика групирање на демократскиот свет со заеднички глас околу ова прашање, за првпат откако изби пандемијата. Поранешниот претседател Доналд Трамп не можеше да го направи тоа, а Бајден го направи. Ги собра Г7 за сите да ја поддржат изјавата во која се наведува дека Кина мора да дозволи истрага на нејзина територија“, кажа Саливен.
Американскиот советник за национална безбедност кажа дека Кина има два избори – или да дозволи, на разумен начин, истражителите да си ја завршат целосно работата и да сфатат од каде дошол коронавирусот, или да се соочи со меѓународна изолација.






