Елбриџ Колби на платформа Икс објави дека Соединетите Американски Држави ја ставаат работата на Постојаниот заеднички одбранбен комитет на чекање бидејќи Канада не направила доволно во одбранбената политика. „Стана неизбежно да се соочиме со јазот помеѓу зборовите и делата“, напиша Колби.
Билатералното одбранбено тело е основано во 1940 година за да ги координира безбедносните и одбранбените прашања меѓу двата соседа и вклучува високи воени и владини претставници од двете земји.
Колби нагласи дека Канада треба да инвестира повеќе во сопствените воени капацитети. „Само со инвестирање во сопствените одбранбени капацитети Американците и Канаѓаните ќе можат да напредуваат, да бидат безбедни и заштитени“, рече тој.
A strong Canada that prioritizes hard power over rhetoric benefits us all. Unfortunately, Canada has failed to make credible progress on its defense commitments. DoW is pausing the Permanent Joint Board on Defense to reassess how this forum benefits shared North American…
— Under Secretary of War Elbridge Colby (@USWPColby) May 18, 2026
Во својот пост, Колби се осврна на говорот што канадскиот премиер Марк Карни го одржа на Светскиот економски форум во Давос во јануари. Во говорот што привлече големо внимание, Карни рече дека глобалниот поредок предводен од САД се распаѓа под притисок на конкуренцијата меѓу големите сили, предупредувајќи на ерозија во соработката заснована на правила.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагираше луто на говорот на премиерот во тоа време. Односите меѓу САД и Канада се влошија откако Трамп се врати на функцијата во јануари 2025 година. Покрај воведувањето трговски тарифи, односите се затегнати поради постојаните изјави на Трамп дека Канада ќе стане 51-ва држава на САД.






