Над огнот, чие гасење е отежнато поради високите температури, последните денови се појавиле топлотни облаци, кои поттикнуваат молњи и ветрови, и дополнително ширење на пламените.
Локалните власти проценуваат дека пожарот уништил повеќе од 73.000 хектари вегетација и дека околу 20 проценти од пожарите се под контрола, пренесе агенцијата АП.
Властите во Калифорнија прогласија вонредна состојба во неколку загрозени окрузи.






