среда, 19 ноември 2025

Успех на лекарите во Германија: одржаа во живот девојче што при раѓањето тежело само 300 грама

Лекарите во Универзитетската болница во Магдебург успеале да го одржат во живот предвреме роденото девојче што тежело само 300 грама, доволно долго за да може самостојно да се развива, објави денес Билд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Болницата соопшти дека станува збор за „извонреден медицински успех“ бидејќи девојчето е родено 16 недели предвреме, и затоа се смета за екстремно предвремено породување, а стапката на преживување на вакви бебиња низ целиот свет е само 25 проценти.

„Детето беше на респиратор седум недели пред да може да дише самостојно. Третманот бара исклучително прецизен и внимателен пристап“, рече главниот лекар Ралф Бетгер.

Тој додаде дека семејството останало во болницата долго време за да изгради и одржи врска со детето, и девет недели по првично проценетиот термин, родителите конечно можеле да го земат девојчето дома.

Според Гинисовата книга на рекорди, рекордот за најмладо преживеано предвреме родено бебе во светот го држи Неш Кин од Соединетите Американски Држави, кој е роден 19 недели предвреме и тежел само 283 грама.

Тој го прослави својот прв роденден во јули оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ