недела, 24 мај 2026

Турски полицајци го нападнаа седиштето на главната опозициска партија (ВИДЕО)

Турски интервентни полицајци денес употребија солзавец и упаднаа во седиштето на главната опозициска партија за да го соборат нејзиното сменето раководство, продлабочувајќи ја кризата во самото срце на турската демократија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Облаци солзавец се креваа над зградата на Републиканската народна партија (ЦХП), а луѓето во зградата фрлаа предмети кон влезот додека полицијата ја пробиваше импровизираната барикада. Не е познато дали има повредени.

Турскиот суд го разреши лидерот на ЦХП Озгур Озел во четвртокот, поништувајќи ги резултатите од конгресот на ЦХП на кој беше избран во 2023 година, наведувајќи нерегуларности како причина.

Гувернерот на Анкара нареди иселување на оние кои се наоѓаа во седиштето на партијата.

Судот го врати поранешниот претседател на ЦХП Кемал Киличдароглу, кој загуби од претседателот Реџеп Таип Ердоган на националните избори таа година, на местото на Озел.

Аналитичарите сметаат дека судската одлука е тест за рамнотежата помеѓу демократијата и автократијата за Турција, членка на НАТО, и дека тоа би можело да го продолжи дваесет и тригодишното владеење на Ердоган.

„Ние сме нападнати“, порача Озел во видео порака споделена на социјалната мрежа Икс додека влегуваа безбедносните сили.

„Отсега, Републиканската народна партија е на улиците, на плоштадите, марширајќи кон владата“, им порача тој на собраните пред да поведе стотици поддржувачи кон турскиот парламент, придружувани од голем број припадници на интервентната полиција.

Разрешеното раководство на ЦХП ги повика своите поддржувачи да протестираат вечерва на три локации во најголемиот турски град Истанбул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ