четврток, 23 април 2026

Трамп: Часовникот му отчукува на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп порача на својата мрежа Трут соушал дека договор со Иран ќе биде постигнат само кога тоа ќе биде „прикладно и добро“ за Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Критикувајќи го известувањето на американските медиуми за војната против Иран, кои, како што смета тој, сугерираат дека брза да го заврши конфликтот, Трамп порача дека тој го има „цело време на светот, но Иран го нема – часовникот отчукува“.

Повторувајќи ги претходните тврдења за успесите на неговата земја во војната, Трамп кажа: „Иранската морнарица е на дното на морето, нивните воздушни сили се уништени, нивните противвоздушни и радарски системи ги нема, нивните лидери повеќе не се со нас, блокадата е цврста и непробојна и од сега па натаму може само да се влоши – времето не е на нивна страна!“

„Договор ќе биде постигнат само кога тоа ќе биде прикладно и добро за Соединетите Американски Држави, нашите сојузници и, всушност, за остатокот од светот“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ