петок, 15 мај 2026

Судија ги блокираше санкциите на САД за известувачката на ОН за Палестина Франческа Албанезе

Американски федерален судија привремено ги блокираше санкциите кои американската влада ги воведе против Франческа Албанезе, специјалната известувачка на Обединетите нации за состојбата со човековите права на окупираните палестински територии.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Санкциите беа воведени во јули 2025 година бидејќи Албанезе ја критикуваше политиката на Вашингтон во врска со воената агресија на Израел врз Палестинците во Газа. Американските власти ја нарекоа некомпетентна и ја обвинија дека е пристрасна и злонамерна кон САД и Израел.

Албанезе препорача Меѓународниот кривичен суд (МКС) да покрене постапка за воени злосторства против израелски и американски граѓани.

Санкциите вклучуваат забрана за влез во САД, користење на американски банки и платежни системи и спречување на секого во САД да соработува со неа.

Нејзиниот сопруг и ќерка, која едржавјанка на САД, поднесоа тужба во февруари против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради санкциите, тврдејќи дека тоа е обид да се казни Албанезе за посочувањето на кршењата на правата на Палестинците од страна на Израел.

Во тужбата беше додадено дека санкциите на САД „ѝ оневозможиле да работи и речиси ѝ оневозможиле да ги задоволи основните потреби на секојдневниот живот“.

Американскиот судија Ричард Леон привремено ги сопре санкциите.

Судијата утврди дека администрацијата сакала да го контролира нејзиниот говор поради „идејата или пораката која ја изнела“.

„Албанезе не правела ништо друго освен што зборувала. Не е спорно дека нејзините предлози немаат обврзувачко дејство врз постапките на МКС, тие се само нејзино мислење“, напиша судијата Леон во одлуката.

Таа се огласи на социјалната мрежа Икс каде што им се заблагодари на сопругот и ќерката и на сите што помогнале и напиша „заедно сме како едно“.

Албанезе е на функцијата во ОН од 2022 година, а е избрана од Советот за човекови права на ОН, потсетува Ал џезира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ