Околу 600 припадници на српските оружени сили и оружените сили на Италија, Романија и Турција учествуваат во вежбата наречена „НАТО-Србија“, додека присутни се воени планери и набљудувачи од неколку земји, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, Британија, Германија, Франција и Црна Гора.
Вежбата ја командува полковник Бранислав Стевановиќ, заменик-командант на Третата армиска бригада на српската војска.
Прва заједничка војна вежба Републике Србије и НАТО-а, у организацији Команде Копнене војске и Команде здружених снага из Напуља, одржава се ове и следеће недеље у бази „Југ“ и на полигону „Боровац“ код Бујановца. 🇷🇸
👉 https://t.co/H9hzWI1L6H pic.twitter.com/8itIfGY2EO
— MO и ВС (@mo_i_vs) May 12, 2026
Станува збор за тактичка вежба чија цел е подобрување на соработката и размената на искуства меѓу припадниците на српските вооружени сили и оружените сили на земјите-членки на НАТО, се наведува во соопштението за медиумите од српското Министерство за одбрана.
За време на двонеделните теренски активности ќе се вежбаат тактики, техники и процедури во операции за поддршка на мирот, вклучувајќи обезбедување бази, работа на контролни пунктови, контрола на толпа и борбени операции во урбани средини.
Министерството за одбрана соопшти дека вежбата се одржува врз основа на заклучокот на Владата на Србија и во рамки на програмата Партнерство за мир, почитувајќи ја воената неутралност на земјата.
⚠️ VELEIZDAJNIK kakvog srpska majka još nije rodila Aleksandar Vučić postrojio vojsku pred NATO zastavom. Počela vojna vežba Srbije i NATO-a u Bujanovcu. pic.twitter.com/lLoDYhmIJT
— Инжењер 🇷🇸 (@Ortodox_Serb) May 12, 2026
Се додава дека соработката меѓу Србија и НАТО е насочена кон зачувување на мирот и стабилноста во регионот, подобрување на оперативните способности на вооружените сили и зајакнување на меѓусебната доверба и разбирање.
Учеството во меѓународни вежби, како што истакнува српското министерство, придонесува за способноста на српските оружени сили да извршуваат разни задачи, вклучително и ангажирање во мировни операции, и ја потврдува посветеноста на земјата на соработка со меѓународните партнери.






