„Низ целиот свет, а особено на Блискиот Исток, меѓународното право се крши“, изјави Гутереш пред новинарите на прес-конференција во седиштето на ОН во Њујорк, истакнувајќи дека „правилата кои го регулираат користењето на сила и водењето конфликт се игнорираат“.
Тој предупреди на пошироки ризици, опишувајќи го меѓународното право како „неопходно“.
„Без него, нестабилноста се шири, недовербата се продлабочува, а конфликтите излегуваат од контрола“, порача тој.
Зборувајќи за Блискиот Исток, тој нагласи дека „нема воено решение за оваа криза“ и дека „мировните договори бараат трајна посветеност и политичка волја“.
Тој повика на обновување на дипломатијата, велејќи дека „сериозните преговори мора да продолжат“ и дека „прекинот на огнот мора да се зачува“.
„Меѓународното право и слободата на пловидба, вклучително и во Ормускиот теснец, мора да бидат почитувани од сите страни“, додаде тој.
На прашањето за евентуалното продолжување на разговорите меѓу САД и Иран, Гутереш кажа дека има индикации дека разговорите би можеле наскоро да се обноват, потсетувајќи на неговиот неодамнешен разговор со заменик-премиерот на Пакистан Ишак Дар.
Тој се осврна и на Либан, нарекувајќи ги разговорите меѓу Израел и Либан „многу важни“ за создавање услови за промена на ситуацијата на теренот.
„Вистината е дека Хезболах и Израел со години придонесуваат за дестабилизација на либанската влада“, заклучи тој.






