понеделник, 14 јули 2025

Шефот на НАТО ја слави „посветеноста на членките“ на зголеменото трошење за оружје

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги пофали членките на воениот пакт за тоа што се согласија да трошат 5 отсто од нивниот бруто домашен производ (БДП) за вооружување и безбедност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е значајна обврска како одговор на значајните закани за нашата безбедност“, рече тој.

„Сето ова го правиме за да се осигуриме дека можеме ефикасно да ја одвратиме агресијата и да се одбраниме себеси и едни со други доколку некој се осмели да нè нападне.“

„Сите сојузници се обединети во разбирањето дека мора да ги зголемиме нашите напори за да останеме безбедни, и тие го прават тоа сега. Претседателот (на Соединетите Американски Држави Доналд) Трамп беше јасен, Америка е посветена на НАТО. Тој денес повторно недвосмислено го потврди ова.

Во исто време, тој јасно стави до знаење дека Америка очекува поголемо вклучување на европските сојузници, и тоа го гледаме сега“, тврди Руте.

Тој кажа дека сојузниците се „заедно во ова, посветени на Членот 5, и ние сме решени да останеме цврсти“.

„Алијансата цврсто стои зад нашиот сосед и партнер Украина“, додаде тој, истакувајќи дека силната порака на алијансата до украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинскиот народ е „дека Украина ја има нашата постојана поддршка“.

„Нашата цел е да ѝ помогнеме на Украина да се бори денес за да може да има траен мир во иднина“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ