вторник, 28 јули 2026

Шефот на хрватската дипломатија во Албанија: „На добар пат се кон ЕУ“

Министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ Радман за време на посетата на Тирана ѝ честиташе на Албанија за „извонредниот напредок“ на европскиот пат, нагласувајќи дека Хрватска ќе продолжи да ѝ помага во тој процес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пристигнувајќи вчера во посета на Албанија, Грлиќ Радман се сретна со својот албански колега Ферит Хоџа, а денес треба да разговара со премиерот Еди Рама и претседателот Бајрам Бегај.

По средбата со Хоџа, хрватскиот министер ѝ честиташе на Албанија за „извонредниот напредок што го постигна на својот европски пат“.

„Привременото затворање на поглавјата 25, 26 и 30 е важен момент што ја потврдува вашата трајна посветеност на постигнување на стратегиската цел – членство во Европската Унија. Исто така, го цениме целосното почитување на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ од страна на Албанија“, кажа Грлиќ Радман.

Пред две недели Албанија ги затвори првите три поглавја – наука и истражување, образование и култура и надворешни односи.

Шефот на хрватската дипломатија оцени дека Албанија се движи со „добро темпо“ кое ги надминува другите кандидати, благодарение на сопствените заслуги и достигнувања.

„Ве охрабрувам да продолжите, ќе ја имате нашата целосна поддршка на тој пат. Хрватска е сè уште подготвена да ѝ пружи помош на Албанија за време на нејзиниот процес на пристапување – преку споделување на нашето искуство, зајакнување на институционалните капацитети и обезбедување техничка помош секогаш кога ќе ѝ биде потребна“, порача Грлиќ Радман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ