Во исто време, во градот Бела Церков евидентиран е „одмазднички удар“, како што се наведува, во кој се уништени три „стратегиски гаражи“. Руското Министерство за одбрана објави дека ракетата е употребена како одговор на украинските „терористички напади“ врз руски цивилни цели.
⚡️ Yes, it was an “Oreshnik”
A Russian RS-26 Rubezh intermediate-range ballistic missile struck near Bila Tserkva in the Kyiv region.
The information was confirmed to RBC-Ukraine by Yurii Ihnat, head of communications for Ukraine’s Air Force.
According to reports, the missile… https://t.co/0bShWSqVZp pic.twitter.com/6NjJHZG5ro
— NEXTA (@nexta_tv) May 24, 2026
Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на големиот ноќен руски напад врз Украина, во кој, според достапните информации, се повредени најмалку 83 лица, а има и загинати. Зеленски оцени дека рускиот претседател Владимир Путин веќе не може ниту „јасно да го изговори зборот „ура““, туку наместо тоа пука во станбени згради со ракети.
„Путин веќе не може јасно да каже ни „ура“, само мрмори нешто и зборува нејасно, а сè уште уништува станбени згради со ракети. Лансираше три руски ракети кон водоводната станица. Запали пазар. Оштети десетици станбени згради. Погоди неколку обични училишта. Го лансираше својот „орешник“ кај Бела Церков. Навистина полудеа“, кажа Зеленски.
Со овие Зеленски го искоментира видеото од Путин кое беше раширено на социјалните мрежи, а Кремљ набрзо го избриша.
„Ура“ е традиционален воен извик што се користи во Русија за време на напади, паради и прослави на победата.
Зеленски нагласи дека е клучно да се продолжат напорите за обезбедување на Украина со системи за противвоздушна одбрана, особено оние способни да пресретнат балистички ракети.
„Да се има Русија како сосед значи да се живее под постојана закана. Нашите луѓе во Украина ја зауздуваат и спречуваат оваа закана. Но, светот треба јасно да види со кого си има работа. Ова е петта година од тотална војна, а од првите моменти тоа беше неиспровоцирана терористичка војна на Русија против животот.
Правиме апсолутно сè што е во наша моќ за да постигнеме мир и да ги заштитиме луѓето. Важно е Украина да не е сама. Потребни се одлуки – од САД, Европа и другите – за тој стари „Орешник“ во Москва конечно да го каже зборот „мир“, смета украинскиот претседател.
Според извештајот на украинските воздухопловни сили, руските сили почнале масовен комбиниран напад во текот на ноќта, лансирајќи 90 ракети и 600 беспилотни летала од различни типови. Меѓу нив била и балистичката ракета со среден дострел „орешник“.






