недела, 20 јули 2025

Русија: Идентификуван е командант кој наредил соборување на авион со украински затвореници

Рускиот истражен комитет утврди дека командантот на 138-та ракетна бригада за воздушна одбрана на вооружените сили на Украина, Николај Џаман, издал наредба за соборување на авионот Ил-76 што превезувал украински затвореници во 2024 година.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Истражниот комитет по истрагата распиша меѓународна потерница за Џаман, пренесува ТАСС.

Според соопштението од прес-службата на Истражниот комитет, авионот бил соборен од ракета за воздушна одбрана „патриот“.

Во соработка со Генералштабот на вооружените сили на Русија, утврдено е дека вакви системи се во служба на 138-та противвоздушна ракетна бригада на вооружените сили на Украина.

Против Џаман е поднесено обвинение за извршување на терористички акт.

Истражниот комитет соопшти дека во тек е идентификација на други соучесници, меѓу кои и високи воени функционери на украинското Министерство за одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ