Во последните недели, Москва ги засили воздушните напади против Украина, вклучувајќи и масовните напади со беспилотни летала врз Киев.
Според украински извори, вчера бил извршен напад со дури 539 беспилотни летала. Биле лансирани вкупно 550 ракети, од кои 478 се неутрализирани. Во споредба со претходните напади, процентот на ракети и беспилотни летала што не се соборени е зголемен.
Украинската редакција на Радио Слободна Европа истражува како Москва развила сè поразорни воздушни тактики.