недела, 16 ноември 2025

Пожар во продавница во Мексико: 23 лица загинаа, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Смртоносен пожар избувна во продавница во центарот на градот Ермосиљо во Мексико, при што загинаа најмалку 23 лица, десетици се повредени, пренесува агенцијата Ројтерс.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Мексико овој викенд го слави Денот на мртвите со свечености за време на кои семејствата оддаваат почит и се сеќаваат на починатите сакани.

„Наредив темелна и транспарентна истрага за да се разјаснат причините за несреќата“, изјави Алфонсо Дуразо, гувернер на државата Сонора, во чиј главен град се случи пожарот, во видео порака на социјалните мрежи, додавајќи дека меѓу жртвите има и деца.

Повеќето од смртните случаи, според државниот обвинител Густаво Салас, кој се повика на наодите од форензичката служба, се случиле поради вдишување на токсични гасови.

„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на оние што ги загубија животите“, изјави мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум во објава на мрежата Икс, додавајќи дека наредила испраќање тимови за поддршка за да им помогнат на семејствата на жртвите и повредените.

Црвениот крст на Сонора соопшти дека во операцијата учествувале 40 негови вработени и 10 амбулантни возила, извршувајќи шест транспорти до болницата, објави Ројтерс.

Причината за пожарот, кој сега е изгаснат, сè уште е непозната, иако некои медиуми сугерираат дека можеби станува збор за електричен дефект. Градските власти соопштија дека продавницата, која е дел од популарниот синџир за дисконти „Валдос“, не била цел на нападот.

Шефот на противпожарната служба на градот изјави дека сè уште истражуваат дали дошло до експлозија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ