четврток, 26 март 2026

Португалија официјално ја призна независноста на Палестина

Португалија официјално ја призна независноста на палестинската држава, изјави денеска министерот за надворешни работи на земјата, Пауло Рангел.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Португалија на тој начин им се придружува на Велика Британија, Канада и Австралија, кои денеска и официјално ја признаа независноста на Палестина.

„Признавањето на државата Палестина е исполнување на фундаментална, конзистентна и широко прифатена политика“, изјави Рангел пред новинарите во Њујорк, пред годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), која започнува утре.

Рангел додаде дека „Португалија се залага за решение со две држави како единствен пат кон праведен и траен мир, мир кој промовира соживот и мирни односи меѓу Израел и Палестина“.Независноста на палестинската држава е поддржана од повеќе од 150 земји низ целиот свет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ