Партијата Ликуд соопшти дека 25-от состав на Кнесетот ќе биде распуштен пред истекот на мандатот.
Изборите ќе се одржат во термин што ќе го одреди Комисијата на Кнесетот, а не може да бидат закажани пред да поминат 90 дена од усвојувањето на одлуката за распуштање на парламентот, се наведува во нацрт-документот, пренесоа израелските медиуми.
Според тие извори, гласањето за распуштање на парламентот би можело да се одржи на 20 мај.






