понеделник, 14 јули 2025

ОН: Во центрите за хуманитарна помош во Газа убиени 613 лица

Најмалку 613 лица се убиени во Појасот Газа од крајот на мај во близина на центри за дистрибуција на храна и конвои со хуманитарна помош, според податоците на Обединетите нации.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Од 613 убиства, 509 се регистрирани во контроверзните дистрибутивни центри управувани од Хуманитарниот фонд Газа (ГХФ), изјави денеска во Женева портпаролката на ОН за човекови права, Равина Шамдасани.

Фондацијата започна со работа во Појасот Газа на крајот на мај по речиси тримесечна израелска блокада на хуманитарна помош.

ГХФ не соработува со организациите на ОН, кои ја критикуваат фондацијата за тоа што има премалку центри и за тоа што ги изложува оние на кои им е потребна помош на екстремна опасност.

Израелската војска е одговорна за смртоносните инциденти поврзани со дистрибуцијата на хуманитарна помош, според палестински извори.

Рик Пиперкорн, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) на палестинските територии, потврди дека повеќето смртни случаи и повреди се поврзани со центрите за ГХФ.

Инцидентите биле пријавени директно во СЗО од медицински професионалци, роднини и пријатели на жртвите, рече тој.

Жртвите биле главно момчиња кои биле на пат кон центрите за да добијат помош за своите семејства кога биле застрелани „во главата, вратот, градите, стомакот и колената“, изјави претставник на СЗО на видео конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ