четврток, 26 март 2026

Напнато на Карибите: Венецуелски Ф-16 повторно прелетаа над американски разурнувач

Венецуела испрати воени авиони по втор пат за само два дена во близина на американскиот воен брод „УСС Џејсон Данам“, кој се наоѓа во меѓународни води, што неколку претставници на американското Министерство за одбрана синоќа го опишаа како опасна „игра на нерви“, пренесува Си-Би-Ес Њуз.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Венецуелски авиони, за кои еден официјален претставник потврди дека се борбени авиони Ф-16, прелетаа над американскиот разурнувач со наведувани ракети од класата Егис во текот на ноќта во четвртокот кон петокот. Иако авионите биле во домет на оружјето на бродот, „УСС Џејсон Данам“ не возвратил на оган, потврдија официјални лица. Не е познато дали венецуелските борбени авиони биле вооружени.

Инцидентот следеше по првото прелетување на два борбени авиони Ф-16 над истиот брод. Во официјалното соопштение, Пентагон го нарече потегот „многу провокативен потег“ кој е „дизајниран да ги попречи нашите операции против нарко-тероризмот“.

„УСС Џејсон Данам“ е дел од флота американски воени бродови кои беа распоредени во регионот во последните недели за борба против криминалните организации и нарко тероризмот, според Пентагон. Вчера, извор запознаен со плановите потврди дека САД испраќаат 10 борбени авиони Ф-35 на Карибите како засилување во операциите против нарко картелите.

На прашањето на новинарите што би можело да се случи ако Венецуела повторно испрати авиони над американските бродови, американскиот претседател Доналд Трамп вчера остро одговори: „Би рекол дека би биле во неволја“.

Обраќајќи им се на министерот за одбрана Пит Хегсет и генералот Ден Кејн, претседател на Здружениот штаб на вооружените сили, Трамп додаде: „Ако летаат во опасна позиција, би рекол дека… вие или вашите капетани можете да донесете одлука за тоа што сакате да правите“.

Тензиите дополнително се зголемија откако Белата куќа во вторникот објави дека американската војска извршила напад врз брод за кој се сомнева дека шверцува дрога од Венецуела. Во нападот, потврди Трамп, загинаа 11 лица. Администрацијата на Трамп тврди дека бродот бил управуван од бандата Трен де Арагва, која Белата куќа ја означи како странска терористичка организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ