петок, 18 јули 2025

Москва има порака за НАТО: Мора да научите руски, ќе ви треба во Сибир

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, „изел многу магични печурки“ и „откри“ заговор меѓу Русија и Кина во врска со Тајван, напиша заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, на својата страница на Икс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Наредникот Руте очигледно изел премногу од магичните печурки што Холанѓаните толку многу ги сакаат. Тој гледа заговор меѓу Кина и Русија околу Тајван, потоа и руски напад врз Европа“, забележа Медведев, коментирајќи ги изјавите на Руте за можен руски напад врз земјите од ЕУ во договор со Кина.

Медведев, исто така, рече дека Руте бил во право за едно нешто – дека треба да научи руски јазик, бидејќи „можеби ќе му треба во сибирски логор“.

Претходно во интервју за Њујорк Тајмс, Руте изјави дека, според него, Русија може да го нападне НАТО во договор со Кина за да го одвлече вниманието на САД доколку кинескиот претседател Си Џинпинг одлучи да го „нападне Тајван“.

Тој, исто така, нагласи дека договорот за зголемување на трошоците за одбрана на 5 отсто од БДП до 2035 година е неопходен за да се обезбеди безбедност на земјите на НАТО, вклучително и заштита од Русија – во спротивно, рече тој, членките на Алијансата „ќе мора да учат руски“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ