петок, 15 мај 2026

Мерц: Не би им советувал на моите деца во блиска иднина да живеат или студираат во САД

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека не би им советувал на своите деца во блиска иднина да живеат и студираат во САД поради, како што тврди, наглите промени во општествената клима и ограничените можности дури и за високообразованите луѓе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мерц на католички собир во градот Вирцбург им порача на младите дека луѓето се премногу склони за состојбата во светот да размислуваат во „катастрофичен режим“ и ги повика Германците да бидат пооптимистични за потенцијалот на својата земја, пренесе Ројтерс.

„Не би им препорачал на моите деца денес да одат во САД, таму да се школуваат и таму да работат, едноставно затоа што таму одеднаш се разви поинаква општествена клима“, изјави 70-годишниот Мерц, татко на три деца.

Тој додаде дека „денес и најобразованите луѓе во Америка имаат големи тешкотии да најдат работа“.

„Цврсто верувам дека во светот има малку земји што нудат толку добри можности, особено за младите, како Германија“, рече германскиот канцелар.

Тој додаде дека е „голем почитувач на Америка“, но дека неговото почитување кон земјата „во моментов не расте“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ