„Сакаат да ни го наметнат концептот „мир преку сила“. Затоа, ние можеме да одговориме само со „безбедност на Русија преку исконски страв на Европа“. Ниту убедување, ни покажување добри намери, ни добрата волја, ниту едностраните чекори кон градење доверба не треба да бидат наши алатки за спречување на големо крвопролевање“, порача Медведев во статија објавена од РТ.
Според неговите зборови, големо крвопролевање може да се спречи само ако Германија и „обединета Европа“ ја разберат неизбежноста на неприфатливата штета во случај на спроведување на планот „Барбароса 2“.
Тој истакна и дека Германија всушност никогаш не ни поминала низ вистинска денацификација.
„Архивските материјали на руската Надворешна разузнавачка служба, вклучувајќи го и извештајот за политичката ситуација во Западна Германија од 1952 година, убедливо покажуваат дека наместо да спроведат денацификација, „западните сили избраа да ги оправдаат нацистичките воени злосторници“. Целиот процес, кој беше спроведен со голема помпа, со исклучок на ликвидацијата на озлогласените профашистички организации и чистењето на јавните простори, се претвори во празна фарса“, истакна Медведев.
Според него, Англосаксонците, сакајќи да ги зачуваат поранешните водачи на воената економија на Хитлер и главните нацисти кои им беа потребни, спроведоа кампања под слоганот „обесете ги малите, оправдајте ги големите“.






