Макрон: САД повеќе нема да ја штитат Европа на долг рок

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека Соединетите Американски Држави повеќе нема да ја штитат Европа на долг рок и дека Европа поради тоа треба да биде посилна.

Фото: ЕПА

часот

„Предизвикот за нашата Европа е да биде посилна и понезависна, бидејќи ги имаме САД, кои повеќе нема да нè штитат на долг рок“, кажа Макрон за време на разговор со ученици во француско-кипарското училиште во Никозија, каде што присуствува на неформален самит на лидерите на Европската Унија.

Макрон го наведе прашањето за Гренланд, како и ситуациите во Иран и Украина како примери.

Францускиот претседател додаде дека САД се сојузник на Европа, но стариот континент е „изграден врз идејата“ дека Американците ќе го штитат засекогаш.

Макрон се залага за европски суверенитет во областа на одбраната.

„Војната произлегува од недоразбирања, погрешни толкувања или лудило на одредени лидери, а понекогаш и луѓе кои веруваат дека нивната безбедност ќе дојде од уништувањето на нивниот сосед“, кажа Макрон и им советуваше на младите секогаш да се стремат да ги разберат другите и да гледаат кон иднината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ