Формирањето на новата унгарска влада, која има 16 ресори, беше завршено со полагање заклетва пред парламентот и потпишување свечена изјава од министрите, на кои претседателот на државата Тамаш Шујок претходно во палатата Шандор им ги врачи акредитивните писма за именување, по предлог на премиерот.
Маѓар вети дека владата ќе работи во интерес на секој Унгарец и дека ќе „ѝ служи на нацијата, а не на премиерот“, пренесоа унгарските медиуми.
Една од клучните личности во новата влада ќе биде министерката за надворешни работи Анита Орбан, една од лидерите на партијата Тиса.
Маѓар ја продолжи конфронтирачката реторика кон претседателот на државата Тамаш Шујок, наведувајќи во објава на Фејсбук дека владата на Тиса не сака честитки од марионетски претседател, ниту да учествува во заедничко фотографирање, ниту при приемот на именувањата, ниту по полагањето заклетва.






