недела, 17 мај 2026

Кина извести за напредок во трговските преговори со САД, Пекинг повоздржан од Вашингтон

Кина извести за напредок во трговските преговори со САД по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Двете страни постигнале прелиминарни договори за царините, земјоделските прашања и воздухопловните зделки, соопшти денеска кинеското министерство за трговија. Дополнителните преговори за деталите сè уште се во тек.

Според Пекинг, Кина и САД се договориле да формираат совет за трговија и инвестиции. Тој совет, меѓу другото, ќе служи за разговори за намалување на царините за одредени производи.

Постигнат е и начелен договор за намалување на царините за одделни производи во споредлив обем, а Пекинг сигнализираше и напредок во трговијата со земјоделски производи.

Сепак, не беа објавени детали за конкретните царински стапки.

Во соопштението на министерството за трговија се споменуваат договори за кинеско купување американски авиони, како и за снабдување на Кина со авионски мотори и компоненти.

Трамп претходно изјави дека Кина се согласила да купи 200 авиони од Боинг, но кинеското министерство за надворешни работи на новинарско прашање не ја потврди таа бројка.

Кинескиот приказ на исходот од самитот беше повоздржан од американскиот.

Додека Трамп и американските функционери по средбата навестуваа големи кинески набавки, Пекинг не изнесе детали за обемот, вредноста или роковите на договорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ