петок, 7 ноември 2025

Кина ги повика САД сериозно да ја почитуваат меѓународната забрана за нуклеарни тестови

Кина ги повика САД „сериозно“ да ја почитуваат меѓународната забрана за нуклеарни тестови, по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека му наредил на Министерството за одбрана да го тестира нуклеарното оружје на неговата земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кина се надева дека Соединетите Американски Држави сериозно ќе се придржуваат кон обврските од Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни тестови и обврската за забрана на нуклеарните тестирања, и ќе преземат конкретни мерки за заштита на глобалниот систем на нуклеарно разоружување и неширење оружје за да се заштити светската рамнотежа и стратегиската стабилност“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, на редовната прес-конференција.

Денес, пред состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, Трамп му нареди на своето Министерство за одбрана веднаш да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје „на рамноправна основа“ со другите нуклеарни сили како што се Русија и Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ