вторник, 21 април 2026

Калас: Очекувам деблокада на заемот за Украина во следните 24 часа

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Каја Калас денес изјави дека во следните 24 часа очекува деблокирање на кредитот за Украина, кој досега го блокираше Унгарија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„По изборите во Унгарија има нов замав и очекувам позитивна одлука за кредитот од 90 милијарди евра во следните 24 часа“, изјави Калас по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург.

Калас додаде дека ЕУ треба да разгледа и други одлуки кои се блокирани долго време, како што се отворањето на преговарачки кластери со Украина, како и 20-тиот пакет санкции и да се продолжи со нови пакети“. Министрите разговараа и за ситуацијата на Блискиот Исток, каде што се на сила привремени прекини на огнот во Иран и Либан, но кои наскоро ќе истечат. „Ако борбите продолжат вечерва, цената за сè ќе биде многу висока“, рече Калас.

Шефицата на дипломатија кажа дека ЕУ веќе има сеопфатни санкции против Иран и дека денес министрите постигнале политички договор за проширување на режимот на санкции. „Предлогот е насочен против оние кои се вклучени во ограничувањето на слободата на пловидба во Ормускиот теснец. Сега постои политички договор, но за тоа е потребна правна подготовка и очекуваме дека Советот за надворешни работи ќе го усвои во мај“, кажа Калас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ