понеделник, 18 мај 2026

Израелски сили упаднале на брод со помош за Газа (ВИДЕО)

Организаторите на флотилата бродови со хуманитарна помош за Газа денеска соопштија дека израелски сили влегле на еден од нивните бродови, додека контактот со друго пловило во источниот Медитеран бил изгубен, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходно денеска израелското Министерство за надворешни работи објави на Икс дека „нема да дозволи какво било прекршување на законската поморска блокада на Газа“.

Бродовите на флотилата Глобал сумуд по третпат испловија во четвртокот од јужна Турција, откако претходните обиди за доставување помош до Газа беа пресретнати од Израел во меѓународни води.

На снимка во живо беше прикажано како денеска воени бродови им се приближуваат на пловилата.

„Воени пловила во моментов ја пресретнуваат нашата флота и израелски сили среде бел ден се качуваат на првиот од нашите бродови“, соопшти Глобал сумуд на Икс.

„Бараме безбеден премин за нашата законска, ненасилна хуманитарна мисија.“

Израел во соопштението исто така ги повика „сите учесници во оваа провокација веднаш да го сменат правецот и да се вратат“.

Претходната флотила исплови од Шпанија на 12 април.

Израелските сили, меѓутоа, ги пресретнаа бродовите од таа група, префрлија повеќе од 100 пропалестински активисти на Крит и задржаа уште две лица во Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ