среда, 13 мај 2026

Израелците со дронови гаѓаа возила на автопат кај Бејрут, загинаа осум лица

Израелски дронови денес погодија три возила на главниот автопат јужно од Бејрут, при што загинаа осум лица, соопшти либанското министерство за здравство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу загинатите има една жена и нејзините две деца.

Израелската војска соопшти дека нападнала инфраструктура на Хезболах во повеќе области во јужен Либан, неколку часа откако на жителите на шест села им било наредено да се евакуираат.

Либан и Израел утре треба да одржат уште една рунда директни разговори во Вашингтон. Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се обидува да посредува меѓу двете земји, кои се во војна уште од основањето на Израел во 1948 година.

Министерството за здравство потврди во соопштение дека имало три напади, но не наведе колку лица имало во возилата.

Либанскиот министер за здравство Ракан Насередин вчера изјави дека од почетокот на примирјето биле убиени 380 лица, а 1.122 биле ранети.

Со тоа, вкупниот број на жртвите од почетокот на војната се искачи на 2.882 загинати и 8.786 ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ