недела, 24 мај 2026

Иран му одговори на Трамп: Ормускиот теснец останува под наша контрола

Иран порача дека и понатаму ќе ја задржи контролата врз Ормускиот теснец откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека клучниот бродски пат наскоро би можел повторно да се отвори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Теснецот, кој е од клучно значење за глобалните пазари на нафта и гас, ќе остане „под целосна иранска управа и суверенитет“ дури и во случај на договор со Соединетите Американски Држави“, напиша портпарол на иранската војска на платформата Икс.

Иранската новинска агенција Фарс објави дека тврдењето на Трамп за враќање на теснецот во предвоениот статус не е поткрепен со факти.

Трамп напиша на својата платформа Трут соушал дека во преговорите за окончување на војната со Иран, „во голема мера“ е договорен рамковен договор. Тој кажа дека дел од тој договор вклучува повторно отворање на Ормускиот теснец. Додаде дека договорот сè уште треба да се финализира од страна на Соединетите Американски Држави, Иран и други земји.

Иранските оружени сили ја презедоа контролата врз Ормускиот теснец набрзо по почетокот на американско-израелската агресија. Заканите и нападите врз бродовите речиси го запреа сообраќајот низ тој воден пат, што доведе до нагло зголемување на глобалните цени на енергенсите.

Техеран тврди дека Ормускиот теснец не е блокиран. Но, во пракса, превозниците мора да го координираат преминот со иранските власти и да плаќаат високи такси. Само неколку бродови поминале низ теснецот во изминатите недели.

Фарс објави дека Иран се согласил да го зголеми бројот на бродови што минуваат низ теснецот на нивоата од пред војната. Сепак, агенцијата наведува дека тоа не значи дека ситуацијата во теснецот ќе се врати во состојбата пред војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ