среда, 16 јули 2025

Германски весник: Српските студенти ја излудуваат немоќната полиција, автократијата се ниша

Состојбата во Србија се влошува, а она што започна како протест против корупцијата сè повеќе станува тест за владата бидејќи студентите сега се свртуваат кон граѓанска непослушност, на што полицијата одговара со бран апсења, пренесува денес во прегледот на германскиот печат Дојче веле, издвојувајќи ја оценката дека „автократијата на претседателот Александар Вучиќ се ниша“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со протести со седење, поставување контејнери за ѓубре и други барикади, демонстрантите привремено го парализираат сообраќајот во Белград, Нови Сад и други градови. Акциите следат по големите демонстрации во саботата на кои повеќе од 100.000 луѓе во главниот град бараа предвремени парламентарни избори, објавува германската новинска агенција КНА.

„Протестите влегоа во нова фаза“

Берлински Тагесцајтунг истакнува дека со денови е невозможно да се испланира нешто во Белград, бидејќи каде и да одите – има барикади поставени од бунтовни граѓани.

„Јавниот превоз е во застој. Само оваа среда во Белград беа откажани околу триесет линии. Десетици „терористи“- односно граѓани кои мирно демонстрираат на улиците – се апсат секој ден. Граѓанските протести што ги почнаа студентите и кои траат низ целата земја повеќе од половина година, како и блокадите на факултетите, влегоа во нова фаза – граѓанска непослушност“, додава весникот.

„Полицијата е немоќна и исцрпена“

Тагесцајтунг понатаму оценува дека пресвртот се случил по протестот од 28 јуни и судирите меѓу полицијата и демонстрантите што следеа по тој митинг.

„На 29 јуни, по бурната ноќ, работите на почетокот останаа мирни. Автократот Вучиќ прогласи победа, а студентите ги изброија крвавите глави и уапсените“, пишува германскиот весник.

„Методот е смирен и иновативен и ја излудува целосно немоќната полиција“, оценува Тагесцајтунг и посочува дека полицајците со шлемови и опрема не само што се исцрпени, туку се чувствуваат и понижени од играта на мачка и глушец со граѓаните

„Автократијата се ниша“

Тагесцајтунг заклучува: „Автократијата се ниша. Еден 20-годишен студент го сумираше тоа вака: „Нема ништо поопасно за еден авторитарен режим од тоа кога граѓаните повеќе не се плашат од него и кога им се потсмеваат на автократите.“

Пренесувајќи ги оценките на германскиот печат, белградските медиуми, во своите извештаи за ноќните протести во четвртокот, вклучуваат силни осуди на полициската бруталност и прекумерната употреба на сила против демонстрантите кои доаѓаат од опозициските партии, невладините организации и граѓанските организации и движења.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ