недела, 13 јули 2025

Германија воведува воен рок, сега за сега доброволен

Германската влада планира да воведе нова форма на воена обврска, која првично би се базирала на доброволна основа, објавија денес германските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавуваат повеќе германски медиуми, повикувајќи се на извори во Бундестагот, министерот за одбрана Борис Писториус (од Социјалдемократска партија на Германија, СПД) пред група парламентарни претставници го презентирал предлог-законот за доброволна воена служба.

Законот предвидува скратена доброволна воена служба во траење од шест месеци, која може да се продолжи според личните желби на регрутот. Шестмесечната ротација, како што е наведено, овозможува обука на поголем број војници отколку претходната дванаесетмесечна воена служба.

За време на оваа скратена воена обука, регрутите би биле подготвени за поедноставни задачи како што се контрола или чување објекти. Секое продолжување на рокот би донело со себе дополнителни професионално усовршување.

Според медиумите, предлог-законот предвидува повторно воведување на задолжителна воена служба во случај потребите на Бундесверот да не можат да се задоволат на доброволна основа. Прашалниците што се користат за регрутирање нови доброволни регрути би биле дистрибуирани до сите членови на една генерација, кои на тој начин би се изјасниле дали се подготвени за воена служба или не.

За мажите, пополнувањето на прашалникот би било задолжително, а за жените не. Писториус планира да го зголеми сегашниот состав на Бундесверот поради наводната закана од Русија на вкупно 460.000 војници.

Експертите веруваат дека Бундесверот нема да може да го достигне потребниот број војници само на доброволна основа. Затоа има барања во нацрт-законот да се вметне клаузула која би овозможила автоматско преминување на задолжителна воена служба во случај доброволната служба да не го опфати потребниот број војници.

Отпорот кон воведувањето на регрутација доаѓа главно од редовите на СПД, која ја формира федералната влада со Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ. Задолжителната воена служба беше укината во 2011 година поради неуставност, бидејќи не беше можно да се овозможи сите членови на една генерација да служат воена служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ