понеделник, 18 мај 2026

Два американски борбени авиони се судрија во воздух на аеромитинг (ВИДЕО)

Четирите члена на екипажите се во стабилна состојба откако два американски борбени авиони се судрија во воздух за време на аеромитинг во САД, соопштија официјални претставници.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Сите членови на екипажите безбедно се катапултирале од авионите еа-18г гроулер на американската морнарица, кои изведувале воздушна демонстрација во моментот на несреќата, изјави портпарол на морнарицата.

Засега не е јасно дали претрпеле повреди.

Драматичниот инцидент се случил во неделата, за време на вториот и последен ден од аеромитингот Ганфајтер скајс, околу 3,2 километри северозападно од воздухопловната база Маунтин хоум во американската сојузна држава Ајдахо.

По судирот избувнал пожар, базата накратко била затворена, а остатокот од програмата на аеромитингот бил откажан.

Во тек е истрага за причините за несреќата.

„Членовите на екипажот инволвирани во инцидентот се во стабилна состојба“, соопшти базата Маунтин хоум ганфајтерс на социјалните мрежи.

„Им благодариме на сите посетители за трпението и сочувството, што ни овозможи брзо и безбедно да реагираме.“

Авионите еа-18г гроулер биле дел од ескадрила за електронски напади од сојузната држава Вашингтон.

Според американската морнарица, секој од тие авиони чини околу 67 милиони долари.

Ким Сајкс од организацијата Силвер вингс оф Ајдахо, која помогнала во организацијата на аеромитингот, изјави за локална телевизија дека никој на базата не бил повреден.

Аеромитингот Ганфајтер скајс последен пат бил одржан во 2018 година, кога пилот на едрилица загинал во несреќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ