вторник, 19 мај 2026

Авион на НАТО соборил дрон над Естонија

Воен авион на НАТО соборил над Естонија беспилотно летало за кое се сомнева дека ѝ припаѓа на Украина, објави балтичката држава, во најновата серија на нарушувања на воздушниот простор во регионот, поради честите украински напади врз Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соседна Летонија, исто така, издала предупредување за дронови и ги повикала жителите во близина на руската граница да останат во своите домови. Летонската војска објави дека во областа се испратени авиони од мисијата на НАТО за надзор на воздушниот простор на Балтикот.

Во последните месеци Украина ги засили нападите со беспилотни летала со долг дострел врз Русија, вклучително и балтичкиот регион. Од март неколку украински воени дронови влегоа во воздушниот простор на членките на НАТО Финска, Летонија, Литванија и Естонија, кои граничат со Русија. Летонската влада падна минатата недела поради начинот на кој одговорила на тие инциденти.

Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур објави дека осомничениот украински беспилотен авион бил соборен од романски борбен авион Ф-16. НАТО сè уште не одговорило на барањето за коментар. Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Украина ќе испрати експерти во Летонија за да помогнат во заштитата на нејзиниот воздушен простор.

На 15 мај финските власти предупредија за сомнителна активност на беспилотни летала во областа на главниот град и ги повикаа граѓаните да останат во затворен простор, додека сообраќајот на аеродромот во Хелсинки беше прекинат три часа. Финските одбранбени сили кренаа борбени авиони и ги активираа службите за итни случаи, но на крајот не беа пронајдени беспилотни летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ