среда, 22 април 2026

Во Србија може да има повеќе смртни случаи од короната отколку што покажуваат официјалните податоци

Објавено на

часот

Сподели

Со тие податоци се опфатени сите починати кои биле во контакт со некој кој бил позитивен или имале симптоми слични на вирусот, а тука се вбројуваат и лицата кои не лежеле во болница, биле негативни на ПЦР или антигенски тест или сами се лекувале, им кажа Лончар на новинарите претставувајќи ги резултатите на работата на Комисијата за анализа на смртните случаи кои може да се доведат во врска со коронавирусот.

Лончар наведе дека 64,4 отсто од тој број на умрени имале придружни болести како заболувања на крвотокот, зголемен крвен притисок, дијабетес и невролошки заболувања. Но истакна дека не може да се каже дека 10.356 лица умреле од коронавирусот бидејќи, како што кажа, тоа може да се докаже само со аутопсија, а таа во ниеден случај не е направена, туку Комисијата ги пресметала врз основа на позитивни тестови, изјави на семејствата дека биле во контакт со позитивни лица или имале симптоми на коронавирусот.

Истовремено официјалната статистика наведува дека од последици на зараза досега умреле вкупно 7.047 заболени од 716.562 заразени колку што се регистрирани од почетокот на пандемијата на 6 март минатата година.

Според последните податоци, во Србија во последните 24 часа, по повеќедневен пад на бројот на новозаразените, повторно е регистриран троцифрен број заразени – 104, а починале четири лица. На болничко лекување се 293 пациенти, а 12 се на респиратори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ