„Претседателот Вучиќ не е човек кој забранува, но ќе барам од него на оние кои гласаа за резолуцијата да им се забрани влез во Србија. Своите семејства, добро распоредени по Белград, нека ги гледаат во Црна Гора“, пишува во соопштението на Вулин.
Арис Мовсесијан, претседателот на Нова странка, вели дека реториката која ја користи министерот Вулин му е позната од деведесеттите години од минатиот век. Тој укажува дека ни тогаш тоа надмено однесување кое води кон уривање на мостовите преку кои уште утре мора да се помине не донело ништо добро.
„Всушност, кој уште се грижи за тоа што Вулин го изјавува? Проблемот е кому воопшто му паднало на ум да го стави на толку важно место, од каде неговите зборови толку гласно се слушаат. Тој и онака ја разбира политиката како костимирана претстава, бидејќи како го менува министерството кое му е доделено, така го менува костимот во кој се појавува пред камерите“, наведува Мовсесијан.
Предраг Вошиниќ од Локалниот фронт од Краљево оценува дека Вулин доста добро ја игра улогата која ја добил во власта, и дека конечно му припаднало да боцка и да разгорува конфликти, да чепка по регионалните емоции и национализми за негде да отвори простор за „сесрпскиот спасител“.
„Спасувачот се појавува или како победник, како детонатор, непрекинат преговарач, а кога е потребно и со „мудри“ решенија и смирувачки пораки. Таа улога, за која „министерот“ долго се бореше со другите во владејачката толпа, е мост кон квази патриотските гласачи на кои „европскиот“ претседател не би можел директно да им се обраќа. Особено не со тој јазик со кој овој човек се користи без воопшто воздржување. Костимографот му е исто така солиден бидејќи црните униформи доста добро ја покрија целта на улогата. Впрочем, она што како општество не го осудивме и забранивме секогаш ќе ни се враќа низ редовна понуда низ разни сценарија и глумци. Нивните улоги се простачки, но не се прости и неосмислени“, истакнува Воштиниќ.
Зоран Вулетиќ, првиот човек на Граѓанскиот демократски форум, смета дека, „нашиот, за жал, претседател Вучиќ“, го има очигледно најголемиот проблем со своето воено минато бидејќи, според него, „како поинаку би ги толкувале изјавите на неговиот портпарол Вулин“ со кои се предлага да им се забрани на сите пратеници на црногорскиот парламент кои гласале за резолуцијата за геноцид во Сребреница влез во Србија.
Собранието на Црна Гора во четвртокот усвои Резолуција за Сребреница, додека црногорскиот министер за човекови и малцински права Владимир Лепосавиќ беше сменет на предлог на премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ, по изјавите со кои го релативизираше злосторството во Сребреница.






